Kia Optima ја напушта Европа (со видео)

Новитети

Kia Optima ја напушта Европа

„Благодарение“ на SUV моделите, европскиот пазар ќе остане краток за еден доста добар автомобил

Објавено на 2 јануари 2020 година

Иако уште не е официјално, судејќи според сé Kia комплетно ќе прекине со продажба на Optima во Европа. Овој модел кој во Кореја е познат како Kia K5 е на прагот на својата петта генерација. Полн со квалитети кои рака на срце Европјаните никогаш не ги препознаа (годишната продажба кај нас му се движеше од 10-16 илјади а во Америка десет пати повеќе), се одликува со свеж и атрактивен изглед и поголеми димензии – долг е дури 4,9 метри, широк 1,86 и има меѓуоскино растојание 2,85 метри. Тоа гарантира повеќе од широкограда внатрешност која е со квалитетни материјали. Дигитализацијата не ја одмина, а од фабрика наведуваат дека се подобрени управувањето, звучната изолација и перформансите. За домашниот корејски пазар се предвидени 2,0 литарски атмосферски бензинец со 160 KS со 6-степен автоматски менувач и 1,6 литарски турбо T-GDi со 180 KS и 8-степена автоматика, како и хибрид со 195 KS и соларен покрив. Цената во Јужна Кореја му стартува од 24 милиони корејски вони (18.500 евра).

Видео

клучни зборови: ,