KIA отвори нов продажно-сервисен центар во Македонија

Во духот на новите, повисоки стандарди што се имплементираат на глобално ниво, KIA доби нов дом во Македонија.

Новата локација останува на ул. Перо Наков, но сега на  бр. 25, веднаш до салонот на Волво во Скопје.

Две децениското успешно работење на нашиот импортер Премиум Барндс со Јужно Корејскиот принципал сега е крунисано со новиот продажно-сервисен центар кој е посочен како пример за сите што работат со KIA.

Имено, тој е најголем по површина на Балканот и стокмен е по највисоките корпоративни норми. Со активна работа на Премиум Брандс уште од 2005-та година, KIA стана препознатилива и еден од омилените брендови во Македонија.

Во чест на 20 годишното работење менаџментот на групацијата Премиум Брандс  изрази благодарност до сите соработници, клиенти и гости кои го одбележаа зачекорувањето на KIA во Македонија во една нова ера на високи стандарди и врвен квалитет во продажбата, сервисирањето и услугите на своите клиенти.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER