Храбар и прогресивен
Новиот Kia K3 кој е наследник на Rio го подигнува нивото во поглед на дизајнот, удобноста и технологиите во сегментот
Во Мексико каде ќе се произведува, Kia го покажа новиот K3 кој е наследник на Rio. Она што засега не е јасно за овој модел е дали е глобален, односно она што нас нé интересира дали ќе продава и во Европа. Тоа ќе го дознаеме во догледно време, а засега за него нѝ е познато дека има амбиции да го редефинира сегментот во кој настапува. Адути за тоа му се храбриот и прогресивен дизајн, пространата внатрешност, практичноста и неизоставно за времињата во кои живееме, безбедносните карактеристики.
Развиен со фокус на задоволување на вкусовите и потребите на купувачите, Kia K3 демонстрира дека и возилата од пониските сегменти можат да го обезбедат истото што и оние од повисоките категории. Според Корејците софистицираноста во изгледот е без преседан во оваа класа и доказ за посветеноста да понудат решенија за мобилноста совршено дизајнирани да ги задоволат вкусовите на секој купувач. Тоа ќе го сторат, барем во Мексико само за каде засега се познати спецификациите, со познатиот 1,6 литарски мотор со 123 KS и новата спортска GT-Line изведба достапна за прв пат, која ќе има дволитарски агрегат со 152 коњи. Дополнително К3 ќе биде достапен и мотор од 1,4 литри наменет за извозните пазари.
Врз основа на дизајнерската филозофија на марката која комбинира навидум контрадикторни концепти, во K3 мајсторски се вплотени напредните форми, бои и текстури што како резултат му даде храбар и футуристички изглед кој се карактеризира со неговата фастбек силуета, агресивниот нос и препознатлива ЛЕД шема. Предниот дел ја задржува традиционалната решетка со нос на тигар, сега реинтерпретирана за понаменски изглед. На страните црните апликации на лаковите над тркалата заедно со двојната линија на појасот што расте од браникот создаваат поцврст изглед. Покривот кој се спушта додава софистицираност, додека чистиот заден дизајн се одликува со тенка линија на ЛЕД осветлувањето како декоративен елемент што ги поврзува задните светла. Должината од 4,55 метри и багажникот во кој собира импресивни 544 литри ветуваат повеќе од очекуваното во оваа класа.




