Помалиот брат на EV9, ќе биде официјално претставен на 23 мај кога EV3 ќе го зголеми порфолиото на електрични возила на KIA. Лансирањето на пазарот е планирано да следи подоцна оваа година, но судејќи според фотографиите што откриваат само детали од аплицираниот дизајн, новиот модел ќе биде посакуван.
Геометрискиот и робустен надворешен дизајн на EV3 го истакнува неговиот динамичен стил. Ова е особено јасно во аголните форми на задните браници и задната врата, како и светлосниот потпис „Star Map“, кој се заснова на претставата на соѕвездијата и му дава на компактниот кросовер впечатлив, футуристички изглед.
Дизајнот на EV3 ги следи принципите на познатата дизајнерска филозофија на KIA „Opposites United“ (спротивностите обединуваат), која е основата за континуитет во опсегот на модели на марката и во исто време дозволува секое возило да има специфичен карактер. Целта на KIA со EV3 е да го унапреди глобалното ширење на електричната мобилност.