Стилски нема многу да се менува
Семејството целосно електрични возила базирано на платформата E-GMP од KIA и Hyundai рапидно расте
Пред некој месец, во рамките на автомобилското шоу во Лос Анѓелес, KIA ја претстави студијата EV-9 со раскошни димензии и интригантен дизајн. Планот е со минимални преправки идната година да влезе во производство. Номенклатурата вели дека потполно електричниот модел ќе биде поставен на 3,10 метри меѓуоскино растојание и должина од речиси пет метри. Предницата на EV9 го покажува типичниот „тигарски нос“ на KIA. Кога ќе излезе на пазарот, тој треба да биде достапен во неколку варијанти, да има опсег од околу 540 километри и во рок од шест минути, на брз полнач, да ги освежи батериите за следните 100 километри. Спринтот од 0 до 100 km/h треба да трае пет секунди. Згора на тоа, кабината е скроена за три реда седишта со можност да се распоредат на различни начини. Цела серија елементи на опремата ја нагласуваат улогата на студијата како технолошки приказ. Тука спаѓаат осветлената предна маска со „дигитално лице“, надворешните ретровизори базирани на камера, електрично повлечените шини на покривот и големиот екран од 27 инчи во внатрешноста. На предната хауба се наоѓаат соларни ќелии, со кои батериите може да се полнат со бавно движење доколку во близина нема станица за полнење. Од KIA најавуваат дека серискиот модел ќе го задржи прикажаниот стил и нема значително да се разликува од студијата. Сепак, панелите на вратите и воланот се приспособени на соодветните прописи и ќе имаат поконвенционален дизајн, а елементите како што се соларните ќелии не би требало да влезат во сериско производство.