Kia Ceed :: Sportswagon верзијата како плаг-ин хибрид

Новитети Поглед во иднината

Sportswagon верзијата како плаг-ин хибрид

Електрификацијата на гамата што ја најави Артур Мартинс ќе донесе на пазарот и неколку плаг-ин хибриди

објавено на 3 мај 2019 година

Од оваа генерација, семејството на Ceed поинаку се пополнува, но не само според каросериските изведби. Kia вешто ги вклучи плановите за електрификацијата на гамата според кои популарниот хечбек ќе добие и хибриден погон. Официјално засега не се издаваат информациите за тоа, но сепак не можеше да се скрие дека првиот хибриден Ceed ќе биде караванскиот Sportswagon, кој би требало да биде претставен веќе во Франкфурт есенва. Погонската група треба да биде истата како и кај Niro PHEV, што значи дека ќе има плаг-ин способности. Таа е комбинација од 1,6 литарски бензинец со 140 KS и електромотор со дополнителни 80 коњи. Енергијата ќе ја собираат батериите од 8,4 kWh, а преносот на силата треба да биде преку 6-степен менувач со двојна спојка. Освен благите измени во дизајнот кои треба да наговестат дека се работи за зелен автомобил и нешто помалиот багажник заради батериите, други измени во однос на стандардниот модел не се очекуваат. Ќе се произведува во Словачка, а продажбата би требало да му започне во првата половина од идната година.

После караванскиот Sportswagon се очекува Kia да го понуди овој плаг-ин хибриден погонски склоп и во хечбек и ProCeed верзиите. Идната пролет се очекува претставување и на четвртата каросериска изведба на овој модел, кросоверскиот XCeed, кој исто така ќе го добие споменатиот плаг-ин хибриден агрегат.

клучни зборови: ,