KIA – Пет милиони возила произведени во Словачка

Хибридниот Sportage е пет милионитото возило произедено во фабриката во Жилина

Јубилеј достоен за почит и да се оддаде признание на резултатите што ги постигна KIA во својата фабрика во Словачка.

Од нејзиното отворање во 2006 година оваа фабрика перманентно се усовршува и бележи одлични резултати по прашање на производствените капацитети и квалитетот на производите што од таму излегуваат на пазарот. Од пет милиони возила произведени во Жилина, повеќе од 2,5 милиони се од моделот Sportage, кој се произведува во Словачка од неговата втора генерација.

Тесно го следи Ceed, од кого се произведени повеќе од 2,1 милиони единици. KIA Словачка моментално произведува речиси 1.500 возила Ceed и Sportage дневно, кои се транспортираат со воз и камиони до клиентите. Во последниве години, главните извозни земји за Kia Словачка остануваат Велика Британија, Германија, Шведска и Шпанија. Компанијата продолжува да инвестира и имплементира нови технологии за да ја зголеми ефикасноста на производството и безбедноста на вработените.

Во Жилина моментално се вработени приближно 3.800 луѓе, со просечна стапка на задржување на вработените од 11 години. Меѓу сегашниот персонал, повеќе од 1.300 вработени работат за Kia Slovakia повеќе од 15 години, што ја прави компанијата стабилен работодавач во регионот во последните 20 години и затоа стратешки партнер на градот Жилина, околните општини и заедници.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER