Со флота од 130 возила, компанијата е спонзор на турнирот што го означува почетокот на сезоната на Грен слеми
Со церемонијата на примопредавање на возилата што ќе се користат за превоз на играчи, официјални лица и ВИП гости, KIA го обележа 21 годишното спонзорство на мелбурнскиот Грен слем. Во списокот на возилата што ќе служат на намената се наоѓаат елекричниот седумсед EV9, кросоверот EV6, комбето Carnival и добро етаблираниот Sorento.
Во Австралија KIA ја нагласува својата ориентираност на електрификација преку низа активности за посетителите со презентации на студиите EV9 и EV5. Како посветеност на одржлива мобилност, компанијата во соработка со американскиот брокер за транспорт на патници Uber, ќе понуди на членовите на Uber One можност бесплатно да ги користат услугите до Роб Лавер арената со флота од 30 електрични возила EV9 и EV6.