Kia наскоро го менува логото

Top News Занимливости Поглед во иднината

Kia наскоро го менува логото

Личи како да е напишано на кирилица, ама не е – името на марката останува исто, само се менува визуелниот приказ

Објавено на 15 декември 2019 година

Без никакви најави, Kia реши да го смени логото. Тоа сега нам ни личи како Ки напишано на кирилица, ама всушност се работи за поинаква визуелна интерпретација. Името на марката останува исто, различни се само спојувањата на двете самогласки. Но и такво какво е, не може да помине без шпекулации бидејќи за овој чекор на корејскиот производител немаше никакви најави. Една од претпоставките е дека се работи за лого кое ќе биде користено само на електричните и хибридните автомобили. Но бидејќи тоа нема некоја сериозна смисла, втората е дека Kia на патот кон својот нов идентитет сака да се дистанцира од сегашното. Во тој случај сличноста со кирилицата е случајна. Третата најмалку веројатна е дека со овој потег Kia сака да се додвори на руските купувачи, што не е во согласност со глобалните стратегии на марката.

Како и да е, треба да биде јасно дека ова лого засега е само заштитено за употреба кај соодветните корејски државни органи, што не значи и дека навистина ќе се најде на идните автомобили од оваа марка. Во целата приказна се вмешува и Индија, каде од нам непознати причини може да се ограничи користењето на ова лого само таму.

клучни зборови: