Наскоро на европскиот пазар ќе се појави нов корејски електричен пик-ап
Производителот KG Mobility, поранешен SsangYong, разви нов пик-ап со средна големина кој ќе го носи името Musso и ќе конкурира на Ford Ranger и VW Amarok. Неофицијално се дознава дека во САД ќе има погон со мотор на согорување, додека на Стариот континент ќе се промовира како БЕВ.
Пикапите со средна големина се во подем низ целиот свет, а производителите на автомобили гледаат добра шанса за нивните адекватни модели. Името Musso, најверојатно, ќе се трансформира во подбренд за електрични, хибридни и пик-апи со внатрешно согорување. За Европа најавени се две изведби, со погон на предните или на сите тркала.
Првиот ќе има мотор со 207 КС, 336 Nm вртежен момент и автономија до 420 км. Верзијата со погон на сите тркала ќе располага со 237 КС, 630 Nm, и разбирливо, нешто помал домет до 379 км. Податоци за капацитетот на батеријата ќе се објават кога официјално ќе биде лансиран, во текот на оваа недела.
Она што веднаш се забележува е далеку по приемчивиот дизајн и нагласената функционалност на товарниот простор. Според очекувањата ентериерот има високо ниво на дигитализација и кабина со пет седишта. Лансирањето на пазарот би требало да се случи во почетокот на 2026 година.


