Американскиот производител на камиони Kenworth ја претстави својата лабораторија на тркала SuperTruck 2, настаната со поддршка на министерството за енергија со цел подобрување на сегашните технологии на еколошки план. Затоа и покрај футуристичкиот изглед не е електричен туку има дизел мотор, кој хибридно засилен развива 440 коњски сили.
За нивно ефикасно искористување се грижат бројни технологии, најмногу аеродинамиката. Пневматиците имаат екстремно низок отпор на тркалање, а камионот е опремен и со варијабилно ослонување кое ја прилагодува висината на оптимално растојание од патот.
При конструирањето се користени ултралесни материјали со што тежината е намалена за повеќе од дваесет отсто во споредба со типична конфигурација. Kenworth се надева дека ќе може технологиите применети кај него брзо да ги комерцијализира.