Kawasaki го шашардиса светот и претстави возило што за кое не може да се најде соодветен збор.
Најблиску би било да кажеме дека е механички коњ налик на нешто што излегло од филмовите од серијалот Војна на ѕвездите, но може да биде и мотоцикл со нозе место тркала.
Што и да е, способно е да совладува секакви терени давајќи му нова смисла на терминот мобилност. Тоа го може благодарејќи на роботските механизми, сензорите и електрониката кои се грижат за сé.
Погонот доаѓа од мал мотор на водород кој произведува струја за електромоторите сместени таму каде треба. Се разбира, илузорно е да се праша дали овој концепт еден ден ќе стане сериски производ.

