Karma – ја мерка Европа!

Вести

GS-6 со две изведби

Уште една калифорниска марка сака да извезува во Европа

објавено 23. февруари 2021

Калифорниската компанија што се отцепи од Fisker сака да продава во Европа. Таквите амбиции ги оправдува новиот модел GS-6 кој има две верзии. Првично на пазарот ќе се појави изведбата со три цилиндерски 1,5-литарски бензинец кој служи како продолжувач на дострелот. Спортски обликуваниот седан е набилдан со два електромотори со вкупна моќност од 400 kW (544 КС) и испорачуваат околу 740 Nm вртежен момент.

Во подот е сместена батеријата од 28 kWh во која се складира струја доволна да се поминат околу 125 километри. Со помош на бензинскиот мотор, кој е исклучиво генератор за струја, автономијата достига до 580 километри. Втората изведба на GS-6 е потполно електрична со батерија. Во САД Karma GS-6 ќе се нуди по цени еквивалентни на нешто повеќе од 69.100 евра, додека само електрична верзија ќе биде поевтина за околу 4000 евра. Компанијата сè уште нема дадено повеќе детали за европските спецификации, предвидени количини, лансирањето на пазарот и цените. Karma во Европа ќе се фокусира на Обинетото Кралевство, Германија и Норвешка.