Инает ли ќе беше или што?!
Сцена како од цртан филм се случи во Кина – додека луѓето нешто си работеа во дуќанот, своеглавиот Xiaomi SU7 паркиран пред излогот сам си отиде! Може да замислиме што сé им има поминато низ главите но од Xiaomi велат дека ситуацијата била сосема безопасна бидејќи автомобилот тргнал да се паркира за што добил команда од телефонот на неговиот сопственик, истиот оној што после трча по него. Како, никој не знае – можеби со случајно допирање на апликацијата или пак преку погрешно разбрана гласовна команда што и не е битно. Важно е дека додека ние се смееме, на сопствениците на електричниот седан бегалец не им било до смеење.


