Електричниот теренец треба да биде лансиран оваа есен со четири екрани
Целосно електричниот Wagoneer S е се поблиску до почетокот на производството, па Јеер веќе ја подгрева атмосферата околу него.
Естетиката очигледно има за цел да се натпреварува со теренци од луксузни марки. Wagoneer S е првото глобално наменето електрично возило на марката и е подготвено да го има своето деби на пазарот подоцна оваа година. Иако ќе има неколку достапни варијанти, водечкиот модел ќе има моќност до 600 КС и ќе се катапултира до стотка за 3,5 секунди.
Од неколкуте споделени фотографии јасно е дека за својот нов производ Јеер силно е фокусиран на интригантен и нетипичен за марката изглед на задниот дел на каросеријата. Покрај тоа, најавува луксуз и голема прецизност на изработка во интериерот. Тоа Jeep го нарекува „беспрекорна интеграција на технологијата со прецизно изработени занаетчиски детали“.
На предната конзола сместени се четири различни екрани додека на централната конзола контролите се поместени налево и држачите за чаши надесно. Од Jeep велат дека патниците ќе уживаат во стандардниот панорамски подвижен покрив со двојно стакло и ќе имаат можност да го додадат екслузивниот аудио систем McIntosh со 19 звучници, кој е еден од најдобрите аудио системи на пазарот.