Од видео игра, на патека…

Виртуелната реалност ќе се  претвори во финален продукт?

објавено 17. декември 2020

Првично направениот целосно електричен спортски автомобил Jaguar e создаден за видео игра е лансиран пред повеќе од една година. Jaguar Gran Turismo Coupé е изработен да функционира во виртуелниот свет во играта  Gran Turismo  веќе се покажа како многу успешен, привлекувајќи гејмери ​​со својот радикален дизајн инспириран од наследството, внатрешноста насочена кон возачот, и извонредно возење и ракување. За тимовите од Jaguar Design, SV и Jaguar Racing, Vision GT Coupé претставуваше само почетна точка за развој на Vision GT SV. Тоа беше можност да се процени сè што може да ги подобри перформансите за да биде електричен тркачки автомобил. Основно за тој процес беше деталната анализа на повратните информации од гејмерите од видеата и форумите преку Интернет. Ова „тестирање во виртуелниот свет“ во комбинација со многу часови „зад воланот“ им овозможи на тимовите за дизајн и инженеринг да утврдат точно како да се оптимизира Vision GT SV за да се создаде совршен тркачки автомобил за видео игри. Според изјавите и ентузијазмот покажани во студијата по се изгледа дека може да се случи да стане реалност, особено во полето на електрификацијата. Рационализираната, лесна композитна структура на каросеријата сега има четири електрични мотори генерирајќи комбинирана моќност од 1,903 коњи и 3,360Nm вртежен момент кого го контролира интелигентниот погон и векторирање на вртежниот момент. Забрзувањето од 0-60 км / ч трае само 1,65 секунди, на патот до максимална брзина од 410 км/ч. Ова се параметри наменети на видео играта а, како вели народот, каде има чад таму има и огин.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER