По претставувањето на новиот идентитет, Jaguar преку концептот Type 00 го најавува изгледот на електричната трансформација на компанијата
Низ интересна генеза поминува британската марка кон патот на нејзината потполна електрификација. Темелниот визуелен идентитет неодамна е сменет и иницира бурни реакции.
Сега, кога е прикажан поларизирачкиот Jaguar Type 00, реакциите ќе бидат уште побурни. Претходно познат како концепт Design Vision, Type 00 делува како самоуверено модерно купе со две врати што го прикажува серискиот GT со четири врати што ќе дебитира кон крајот на 2025 година.
„Type“ е референца на иконите E-Type и неодамна пензионираниот F-Type, а двете нули се однесуваат на нулта емисии карактеристични за електричните возила. Дадени се оскудни технички податоци, но Јагуар потврдува дека ќе користи сопствена електрична платформа JEA, автономијата ќе биде до 770 км според WLTP нормата, а за само 15 минути полнење ќе се обезбеди енергија за 321 километар возење.
За динамичките својства, спецификациите на моторот и големината на батеријата ќе мора да почекаме. Jaguar го гледа Type 00 како „уметнички потфат“ кој комбинира живи бои со геометриски форми кои црпат инспирација од минатото, а сето тоа укажува на минималистичка иднина. Надворешноста ја карактеризира екстремно долгата предна хауба која се вклопува во контурата „fastback“.
Предниот дел изгледа неверојатно едноставно, со две светла тенки како жилет на горниот раб и уште две на долниот.
Задниот дел има подеднакво индустриски изглед. Робусните задни браници се одделени со правоаголник исполнет со тенки хоризонтални ленти што се осветлени.
И како што беше предвидено, Type 00 нема задно стакло па месинганите надворешни „фиоки“ се отвораат и ги ослободуваат камерите свртени наназад што се активираат само кога е потребно. Внатрешноста е подеднакво минималистичка и чудна.
Рамните предни седишта се поделени со гребен, нема видливи инструменти или контроли. Наместо тоа, два големи екрани се превртуваат од контролната табла, по еден на секоја страна од централниот гребен, што потсетува на ‘рбетот на возилото.
Интериерот станува уште почуден со материјалите што се користат. Освен мешавината од волна „инспирирана од рачно ткаени предива“, седиштата и централниот рбет се потпираат на камена основа. Да, камен.
Од таборот на Jaguar тврдат дека го направче она што требаше да го направат, за да создадат навистина нов и навистина поинаков автомобил, а не само уште еден од генерички креираните модели. Храбар и оригинален, тоа е она што засега го гледаме. Се надеваме дека така ќе остане и серискиот модел.