Јагуар го претстави својот обновен идентитет, означувајќи го почетокот на својата електрична ера
Jaguar се подготвува за ново поглавје во историјата на брендот. Пред да го претстави концептот Jaguar Design Vision закажано за 3-ти декември, кој е претходник на серискиот луксузен електричен седан што ќе биде лансиран следната година, британската марка го покажа своето ново мазно лого.
Ова е одлучувачката фаза бидејќи марката од идната година ќе произведува само електрични возила, а моторите на согорување ги праќа во музеј. Ажурираниот дизајнерски јазик и графика имаат за цел да ја соопштат трансформацијата на Јагуар, како стилски, така и во однос на неговата амбиција да го врати своето место на луксузниот пазар.
Во моментов на британските патишта се тестираат првите прототипови на новиот модел со четири врати. Тестирањето на возилата наскоро ќе се прошири и во други земји. Новиот модел е базиран на специјална електрична архитектура, JEA (Јагуар Електрична Архитектура) врз која до 2030 година ќе се лансираат три целосно електрични автомобили.
Производството ќе се одвива во Солихал, Велика Британија. Дали традиционалните муштерии на „британската грабливка“ ќе ги прифатат киловатите наместо коњите што доаѓаат од осум цилиндри и компресор, ќе покаже времето.