Jaguar Land Rover Open Experience Day

Македонија

Jaguar Land Rover Open Experience Day

Возбудливо и несекојдневно

Објавено на 23 октомври 2019 година

Вљубениците на британските премиум возила ќе имаат можност да направат чекор надвор од вообичаените дневни активности и да им се придружат на пријатели на марките на несекојдневен настан – отворен ден за тест возења, собирање нови искуства и истражувања каде е лимитот во можностите на возилата на Jaguar и Land Rover. Ги очекува и возбудлива прва средба со комплетно новите Discovery Sport и XE. Настанот ќе се одржи идната среда, на 30 октомври, од 10 до 16 часот во Jaguar Land Rover центарот на увозникот на овие возила за Македонија, Аутомобили Груп, на улицата Скупи бр. 8 во Скопје. За тест возење на располагање ќе бидат Land Rover Discovery, Range Rover Sport, Velar и Evoque, како и Jaguar XE, F-Pace и E-Pace.

клучни зборови: ,