Со полесна каросерија до економичност
Проектот Tucana за Jaguar Land Rover означува ново поглавие во развојот на идните електрични возила.
објавено 28. јануари 2021
Фокусот е на композитните материјали бидејќи тие се полесни од металот и имаат одлична издржливост. Засега се истражуваат материјалите како што се јаглеродните влакна и фибергласот чија мала тежина ќе ја зголеми автономијата на електричните возила со подобрување на перформансите и зголемување на динамиката на возењето. Проектот Tucana е основан со конзорциум од водечки академски и индустриски партнери и има за цел да заштеди околу 4,5 милиони тони СО2 помеѓу 2023 и 2032 година. Со примена на овие материјали ќе се постигне намалување на тежината со зголемена цврстина на каросеријата во исто време. Насочената замена на алуминиумот и челикот со композитни материјали треба да ја намали тежината по возило во просек за 35 килограми. Во исто време, употребата на јаглеродни влакна ќе ја зголеми јачината на торзијата за 30 проценти. На крај, но не и најмалку важно, може да се инсталираат поголеми батерии што ќе дава подолг опсег на движење. Jaguar Land Rover очекува во наредната година да може да ги испрати прототипите од проектот Tucana на почетни тестови.


