Jaguar : F-Pace освежен

Видео Новитети фото галерии

Вистинско место и вистинско време!

Jaguar успеа да постигне вистински баланс со новите естетски зафати на своето прво спортско-корисно возило

објавено 15 септември 2020

F-Pace  доживеа затегнување на борите кое му донесе далеку по свеж изглед и самоуверен настап. Од аспект на техниката воведени се плаг-ин хибридна верзија додека останатите погонски групи останаа непроменети доколку се изземат намалените издувни гасови. Сега, првиот Jaguar со теренски амбиции делува дотерано да ги издржи налетите на конкурентите кои му доаѓаат од редовите на групацијата, а безмилосно го напаѓаат германските ”ловџии”. Ние нема многу да ви раскажуваме, ќе ве оставиме да уживате во фотографиите на новиот F-Pace кој треба да пристигне во Македонија до крајот на календарската година.