Jaguar E-Type – Повторно роден

На посебно барање на еден свој верен купувач од југоисточна Азија, Jaguar направи два потполно нови примероци на легендарниот Е-Type точно 50 години откако престана со негово производство.

Користена е оригиналната техничка документација но возилата не се идентични како некогаш – имаат 3,8 литарски мотор со електронско вбризгување место тројни карбуратори, спарен со петстепен менувач.

Меѓу другите модерни подобрувања се загреваното ветробранско стакло и блутут радиото. Посебно внимание е посветено на филигрански прецизно обработената внатрешност во која се среќаваат детали од сребро и 18-каратно злато.

Колку чинат овие автомобили не е познато – место тоа Jaguar објави дека на неговите експерти им биле потребни повеќе од 2.000 работни часа за да ги направат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER