Часовник со сопствен V16 мотор
Механичко совршенство, екстраваганција без граници или што друго и да помислите ќе биде точно – овој часовник инспириран од новиот Tourbillon и изработен од мајсторите на Jacob & Co. во соработка со Bugatti чини 340.000 долари. Во сé е посебен – дизајнот, материјалите, сложеноста но најмногу по тоа што има сопствен V16 мотор кој се активира со посебно копче и работи 20 секунди! Ќе бидат направени само 150 примероци.


