Италијанците настапија инкогнито во Франкфурт

Италијанците настапија инкогнито во Франкфурт

Ден пред салонот во Франкфурт се дозна дека Серџо Маркјоне, претседателот на Fiat, Chrysler и ACEA, нема да биде присутен заради работни обврски
Објавено на 20 септември 2013 година

Стручната јавност тоа го протолкува како јасен сигнал дека италијанската автомобилска династија на најзначајната есенска манифестација нема да настапи со ништо посебно. Беа во право.

Alfa Romeo, марката од која се очекува многу, пред почетокот на продажбата на третиот свој модел, спортскиот 4C, ги освежи преостанатите два, MiTo и Giulietta, со мали стилски измени за помалиот и нов, 150-коњски дизел за поголемиот, а Fiat, Lancia, Abarth и Jeep се задоволија со покажување специјални едиции на Panda, 500, Freemont, Delta, Voyager и Wrangler. Ако ваквиот обем на „новитети“ е доволен за марки како Maserati или Ferrari, навистина чуди што Италијанците на ваква битна манифестација не донесоа ама баш ништо ново, полуново, обновено, или барем макета од некој иден концепт. Дали тоа значи дека за иднина подготвуваат нешто екстрареволуционерно, па не сакаат да се истрчаат предвреме, или пак дека ништо не подготвуваат, само тие знаат. А можеби и не…

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER