Електричниот подбренд на Hyundai наговестува компактно ЕВ
Сé повеќе производители ја гледаат иднината на електричната мобилност во компактните возила. Тоа е сосема разбирливо бидејќи големите и масивни каросерии се прескапи за повеќето купувачи, а оние што сепак сакаат да се возат на струја и немаат доволно пари се вртат кон кинеските модели чија цена е осетно пониска. Тоа го увидеа сите, па сега сакаат да фата чекор со пазарот и побарувачката. По серијата големи каросерии, IONIQ во Минхен ќе го покаже Concept THREE со енергичен став, обликуван од дизајнерскиот јазик на Hyundai. Премиерата е закажана за деветти септември кога Hyundai Motor ќе даде длабински поглед на Concept THREE и неговата улога во редефинирањето на сегментот на компактни електрични возила.


