Ineos Fusilier – Одложен на неодреден рок

И покрај тоа што беше претставен на почетокот на оваа година, Ineos одлучи да го одложи Fusilier

Ineos Automotive го претстави Fusilier во февруари наговестувајќи дека ќе објави технички податоци и терминот за лансирање на есен. Беше најавено дека третиот модел на марката ќе има потполно електрична и хибридна верзија. Пет месеци подоцна производителот објави дека моделот се одложува на неодредено време. Како причина за тоа се наведуваат два аргументи, а тоа се недоволно прифаќање на електричните возила од страна на потрошувачите и несигурноста што владее во индустријата иницирана од тарифите и оданочувањето на возилата.

Fusilier требаше да се развива со Magna Steyr и се очелуваше на пазарот во 2027 година. На февруарското претставување, претседателот на Inoes, Сер Џим Ретклиф, рече дека БЕВ се совршени за пократки патувања и урбани испораки, но индустријата и владите треба да имаат реални очекувања околу другите технологии кои можат да помогнат да се забрза потребното темпо на промени. Тоа е причината поради која Fusilier ќе има погон што драматично ги намалува емисиите, но со мотор на согорување. Што се однесува до пропорциите, Fusilier е најавен како малку помал и со помодерен изглед од Grenadier, но според прикажаното личи на клон на Mercedes G-класа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER