Идната генерација на Leon ќе биде конструирана на платформата за скалабилни системи SSP на групацијата Volkswagen
Cupra потврди дека ќе продолжи со производство на верзии на Leon со погон на согорување во следната деценија, но исто така откри дека моделот на крајот ќе премине во серија само како ЕВ.
Тоа значи дека тековните варијанти на Leon со погон на согорување ќе продолжат со производство. Оваа транзиција може да значи крај на верзијата на Leon под брендот SЕАТ. Овој успешен модел ќе се приклучи на растечкиот избор на ЕВ на Cupra како четврти модел во целосно електрична понуда на марката, заедно со Tavascan, Raval и Born. Најверојатно овој модел, кој треба да настапи за четири години, најверојатно ќе ги дели батериите и опциите за погон со други електрични автомобили во портфолиото на VW Group.
Не е исклучена можноста со фејслифтот да се направат подобрувања на производите и на двете марки. Сепак, деновите на Leon како автомобил со мотори на согорување се избројани. Следната генерација дефинитивно ќе биде електрична.


