Трет живот за Octavia
Со револуционерниот концепт Vision O кој ќе ја преобликува иднината на марката, Škoda се подготвува за радикална промена на дизајнот. И тоа со смел скок напред во еволуцијата на Modern Solid стилскиот јазик, притоа почитувајќи ги поставените цели за одржливоста, внатрешната архитектура и иновациите фокусирани на потребите на клиентите.
Новото дизајнерско толкување на идната Octavia донесува повеќе агресивност со елементи на блага носталгичност. LED маската е вклопена во прилично сложениот преден профил со вдлабнувања на горниот дел кои изгледаат како да има заби. Во ист стил со остри агли е изведен и задниот дел со светла во Т-облик. Силуетата задржува масивен не толку мускулест облик давајќи му на целиот автомобил правилни и визуелно ненападни пропорции. За внатрешноста е јасно дека ќе доживее промени пред Octavia да стигне во производство, иако се надеваме дека нема да бидат многу длабоки. Податоци за погонот нема, ниту пак кога треба да го очекуваме серискиот модел што секако нема да биде така бргу.