IAA 2025 – Leapmotor B05 и B10

Leapmotor продолжува да ја шири својата понуда

Кинескиот Leapmotor чии возила се пласираат под капата на Stellantis го искористи Минхен за светска премиера на новиот електричен модел B05. Како што сега е модерно кај возилата што доаѓаат од Далечниот исток овој хечбек од Ц-сегментот долг 4,43 метри има чисти дизајнерски линии. Се обраќа на помладите, урбано настроени корисници а ентериерот за жал не е покажан – изложеното возило во Минхен беше заклучено и со затемнети стакла. Не се објавени ниту техничките податоци.

Истовремено Leapmotor го означи и почетокот на продажбата на компактниот кросовер Б10 кој со својата цена од 29.900 евра сигурно ќе го привлекува вниманието на купувачите не само во Европа туку и во другите светски региони каде ќе биде пласиран. Има електромотор од 218 KS и два пакета батерии за автономија од 361 односно 434 km. Продажбата во Кина му започна во април кога за првиот час компанијата прими точно 15.010 нарачки за него од кои три четвртини од моделите опремени со лидар кои му даваат автономни способности. Треба да споменеме и дека неговата цена таму стартува од некои 13 илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER