145.000 посетители на IAA Transportation (видео)

Голем интерес за транспортниот сектор

Додека салоните на автомобили преживуваат тешки времиња, за организаторите на манифестациите од комерцијалниот сектор нема зима. Тоа го потврдуваат и бројките од IAA Transportation кој традиционално се одржува во Хановер. Годинава на него учествуваа скоро 1.700 изложувачи од 41 држава, што е за дваесетина отсто повеќе од претходниот настан. Нивните 150 светски и европски премиери ги видоа 145.000 посетители, за околу 10 отсто повеќе од 2022-рата. Беа присутни и 1.400 новинари од 52 земји. Сите нив ги привлекоа напредните технички решенија кои ја дефинираат иднината на индустријата. На располагање стоеја вкупно 60 возила со кои беа направени преку 6.300 пробни возења низ изложбениот простор и на јавните патишта.

Ваквиот интерес е поткрепен со фактот дека за првите шест месеци годинава во Европа се продадени рекордни 216 илјади камиони, милион и педесет илјади доставни  возила и 25 илјади автобуси. Во нивната структура сé уште доминираат дизел моторите, но растот на електричните возила е забележлив. Внимание на купувачите привлекуваат  и хибридните погонски групи, посебно кај автобусите и комби возилата.

Наредната салонска манифестација во Хановер ќе се одржи од 15 до 20 септември 2026 година.

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER