Спортскиот имиџ на цена
Hyundai сака да наметне нов имиџ со N-Line
објавено 28. јануари 2021
Hyundai наскоро ќе го понуди Tucson како верзија N-Line која се однесува на стилски решенија во духот на спортскиот изглед. Има динамични акценти на каросеријата кои вклучуваат рафинирана решетка на ладилникот со логото „N“, оптимизирани влезови на воздухот, фарови со црна рамка, како и продолжен спојлер на покривот. Страничните лајсни се во боја на каросеријата, а долната линија на прозорецот е црна. Надворешните ретровизори и покривот по желба се достапни во црна-фантом боја. Shadow Grey е ексклузивна боја за N Line. Во внатрешноста вметнати се емоции секаде наоколу.
Предните вентилирани седишта се прекриени со комбинација на кожа и велур и украсени со буквата N. Претежно црниот ентериер има многу црвени декоративни шевови а има волан и алуминиумски педали специфични за спортски опремен модел. Опционално достапната адаптивна шасија е фино подесена за N Line. Купувачите може да изберат една од петте варијанти на погон во распон од 136 до 265 коњи. Во нив се вбројува и plug-in хибрид. Hyundai Tucson N Line ќе биде достапен од пролет, додека хибридните верзии на лето.



