Hyundai Tucson – револуционерен дизајн и решенија

Вести

Доаѓа новиот Tucson

За прв пат во класата  Hyundai Tucson ќе се нуди со кратко и долго меѓуоскино растојание

објавено 09 септември 2020

Првите објавени фотографии од новиот Hyundai Tucson покажуваат дека компанијата нуди револуционерни промени во филозофијата на понудата. Првично забележлив е силниот дизајнерски јазик со кого се истакнуваат аглестите и силни светлосни групи кои во потполност го менуваат карактерот на каросеријата. Официјалната премиера е закажана за неколку дена кога ќе се објават деталите. Важно е да се знае дека Tucson ќе биде првото спортско-корисно возило од сегментот ”Ц” кое ќе биде понудено во две различни димензии. Тоа во голема мерка ќе го засили дизајнот наречен како ”спортска осетливост” кој несомнено ќе се одрази и на останатите модели кои ги чека редизајн или потполно нова генерација. Кабината на новиот Tucson е поголема во сите правци каде доминира долгата хауба и кратките исфрлени делови на каросеријата формирајќи купеовски впечаток. Од ваквиот пристап профитира внатрешниот простор каде се добива забележително поголем комфор. Повеќе детали за новиот Hyundai Tucson ќе бидат познати на 15-ти овој месец кога е закажана виртуелната премиера.