Hyundai Santa Fe
фото-галерија, 2*видеа

Радикална дизајнерска трансформација

Во Европа ќе биде достапен во две варијанти – хибрид и плаг-ин хибрид

Неполн месец по премиерата, Hyundai ги објави деталите за петтата генерација на Santa Fe која донесува радикална трансформација. Привлечен, прилагоден за град но подготвен за авантура, новиот кросовер има врвно уредена внатрешност која заради на 2.815 mm продолженото меѓуоскино растојание располага со поголем простор. Обликот и пропорциите на каросеријата со димензии 4.830×1.900×1.770 mm се сосема нови и Santa Fe не личи ни на еден друг модел на Hyundai досега.

Предниот дел со високиот поклопец на моторот, светлата во облик на буквата Н и остро обликуваните браници оддаваат впечаток на моќ, а јасните бочни линии, масивните крила и кратките превиси наговестуваат добра искористеност на ентериерот. Задните светла исто така во облик на буквата Н визуелно се ускладени со предните, со што Santa Fe е лесно препознатлив дури и оддалеку. Карактеристика му е и багажникот со зафатнина од 725 литри кој сега место за оставање ствари стана еден вид „тераса“ на автомобилот и може да се користи за непречено уживање на отворено.

И внатрешноста е потполно нова, со јасни хоризонтални и вертикални елементи, а мотивот на буквата Н е видлив на контролната табла и отворите за вентилација. Тука се и многубројните практични детали, како на пример склопливите седишта во вториот и третиот ред, двојниот безжичен систем за полнење телефони но и такви нешта како сад за стерилизација. Користени се еколошки прифатливи материјали, а сертифицираните кожени преслеки на седиштата се безопасни за човечкото здравје, сигурни и за деца до 3 години старост.

Новиот Santa Fe на купувачите во Европа ќе биде достапен во првата половина на наредната година со два 1,6 литарски турбо мотори, хибриден со 180 и плаг-ин хибриден со 160 коњски сили, спарени со шестстепена автоматика.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER