Hyundai – ревизија на Ioniq и Kona

Вести

Поради опасност од пожар

Над 80.000 електрични возила повлечени во Кореја

објавено 03. март 2021

Поради можна опасност од пожар, Hyundai повлекува околу 82.000 електрични возила во Јужна Кореја. Како што објави компанијата, станува збор за доброволна акција во која се заменува „склопот на системот на батерии“. Одредени модели на Kona Electro и Ioniq EV, како и градскиот автобус Elec City се засегнати. Европското седиште на Hyundai кое се наоѓа во Офенбах објави дека испитува дали повлекувањето ќе биде проширено и на возилата што се продаваат во Европа.