Долг 3,6 метри со 940 литри товарен простор
oбјавено на 4 февруари 2022 година
Ако сметате дека никому не би му требало вакво мало доставно возило, се лажете – интересот за нив е многу поголем отколку што на прв поглед изгледа. Тоа добро го знаат во Hyundai заради што не чекаа многу за да понудат доставна верзија на својот најмал кросовер, долг само 3,6 метри. Тој сега нема задни седишта со што се ослободија 940 литри простор за товар, од кој патниците и задните стакла се заштитени со шипки. За погон се користат стандардните еднолитарски мотори со 76 и во турбо изведбата со 99 коњски сили, споени со четиристепен автоматски менувач. Цената во Кореја му изнесува околу 10 илјади евра за кои се добиваат ЛЕД дневни светла, електрично подесливи ретровизори со греење, шест воздушни перници, задни паркинг сензори, темпомат и друго. Интересни се и опциите – со доплата овој мал доставен кросовер може да се опреми со такви нешта како што се кожени седишта, загреван управувач или самозатемнувачки внатрешен ретровизор, но и со метални кровни носачи за Thule багажник.



