Hyundai & GM – Се раѓа нов сојуз

Компаниите потпишаа меморандум за разбирање, истражување, соработката на заеднички возила, синџир на снабдување и технологии за чиста енергија

General Motors и Hyundai Motor Company ќе ја истражуваат идната соработка низ клучните стратешки области и ќе бараат начини да ги искористат нивните предности за да ги намалат трошоците и побрзо да донесат поширок опсег на возила и технологии до клиентите.

Потенцијалните проекти за соработка се фокусираат на заеднички развој и производство на патнички и комерцијални возила, мотори со внатрешно согорување и технологии за чиста енергија, електрична енергија и водород. Свете компании исто така, ќе ги разгледаат можностите за комбинирани извори во области како што се суровини за батерии, челик и други области. Рамковниот договор го потпишаа извршниот претседател на Hyundai Motor Group Јусун Чунг и претседателката на бордот и извршна директорка на General Motors Мери Бара.

По разменувањето на пригодни афирмативни фрази двата лидери на компаниите изјавија дека партнерство ќе им овозможи на Hyundai Motor и GM да ги проценат можностите за подобрување на конкурентноста на клучните пазари и сегменти на возила. По потпишувањето на необврзувачкиот Меморандум за разбирање, веднаш ќе започне проценката на можностите и напредокот кон понатамошните обврзувачки договори.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER