Hyundai – Четири милиони произведени возила во Ношовице

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Tucson N Line е јубилејниот примерок

Од 2008 година, кога почна со работа, фабриката на Hyundai во Чешка бележи само успеси

Перманентен развој и зголемување на производството се зборовите со кои се опишува 14 годишното работење на фабриката во Ношовице. Тоа е предизвик со кого секојдневно се соочуваат вработените и добавувачите за кои централата на Hyundai има полна уста со фалби. Требаше кусо време да се подесат сите параметри и да се достигне високо ниво на продуктивност и квалитет.

Патот до првиот милион траеше пет години, а вториот и третиот милион се остварија во интервали од три години, во 2016. и 2019. Пандемијата и предизвиците во ланецот на снабдување следеа, но Hyundai успеа да се избори со пречките и пред крајот на годинава го произведе четири милионитото возило. Бидејќи во Ношовице, уште од отворањето на фабриката, 70% од производството е посветено на Tucson, логично е што јубилејниот примерок е припадник на популарното спортско корисно возило и тоа во N Line изведба со благ хибрид. Тоа е восгласност со трендот на компанијата забрзано да чекори кон електрификацијата. Во Чешка, покрај Tucson во верзии со самонапојувачки и приклучни хибриди, се произведуваат Kona Electric и i30 во трите каросериски изведби.

Од првата половина на годинава темпото на производство од 57 се зголеми на 65 возила на час и се очекува во 2022 да се достигне бројката од 321.000 произведени модели. Затоа бројот на вработени во Ношовице се зголемува од година во година и сега таму работат вкупно 3.300 од кои 92 отсто се чешки граѓани. Просечната старост на вработените изнесува 38 години и нивниот ангажман во просек трае повеќе од осум години. Од лансирањето на последната генерација на Tucson таму се произведени 423.274 примероци додека најдобра година е 2016 во која се евидентирани 358.400 возила што ја напуштиле монтажната лента.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 85.50 ден
  • еуросупер 98 - 88.00 ден
  • еуродизел Д5 - 98.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER