Human Horizons – HiPhi Z доаѓа во Европа?

Футуристички, моќен и конкурентен

Кинескиот производител на автомобили Human Horizons се подготвува за лансирање на брендот HiPhi на одредени европски пазари.

Со своите храбри дизајни и перформанси кинескиот бренд HiPhi кој е во сопственост на производителот на автомобили Human Horizons привлече големо внимание на себе. Футуристички и уникатни, електричните возила се добро етаблирани во матичната земја, но амбициите ги надминуваат границите на Кина.

HiPhi Z

Една од интересните сфери ќе биде Европа каде на нишан ќе бидат пазари со поголема пенетрација на ЕВ, како што се Западна Европа или Скандинавија. Планот за годинава е скромен, колку да се направи сондажа на пазарот, а потоа ќе се дефинира стратегијата за понатамошно делување.

HiPhi X
HiPhi X

Косопственикот на компанијата, Марк Стентон, не открива дали спортско-корисното возило X SUV или седанот Z ќе бидат првите што ќе бидат лансирани во Европа, но рече дека очекува двата модели да ги исполнат највисоките стандарди за безбедност на EuroNCAP.

HiPhi Z

Не се споменуваат ниту цените, но во Кина, моделите на HiPhi почнуваат од околу 92.000 евра. Ова не се единствените вести од марката. На престојниот Шангај Мотор Шоу ќе биде претставен третиот модел на компанијата, електричниот кросовер Y кој има малку поконвенционален дизајн.

HiPhi Y

Се претпоставува дека ќе биде поевтин од X и Z, но ќе има голем фокус на луксузот и перформансите. Највпечатливиот актуелен модел на HiPhi е седанот Z. Се одликува со огромен пакет батерии од 120 kWh и две избедби, со еден електричен мотор што ги движи задните тркала со 300 КС (410 Nm) или со два мотори кои испорачуваат 600 КС (820 Nm).

HiPhi Z

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER