Huawei со технологија за самовозечки автомобили

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Huawei со технологија за самовозечки автомобили

Со намера да стане лидер во автономните технологии, кинескиот Huawei лансираше 5G-базиран хардвер

објавено на 25 април 2019 година

На запад оспорувана а во Кина фалена, 5G технологијата на Huawei наскоро ќе се најде во автомобилите. Со ознака MH5000, ова парче хардвер е базирано на Balong 5000 5G чипот претставен во јануари. Според Huawei, нивниот модул  има висока брзина и висок квалитет и е важен производ за идните интелигентни автомобили. Тие уште додаваат и дека овој прв светски комуникациски хардвер за автомобилската индустрија ќе им помогне во плановите да започнат со комерцијализација на 5G мрежната технологија за автомобилскиот сектор, и тоа уште во втората половина на годинава. Huawei во последниве години ги тестираше технологиите за интелигентно поврзување на автомобилите во неколку кинески града и веќе има потпишано договор за соработка со неколку производители на автомобили, како што се FAW, Dongfeng и Changan. Оваа компанија која е најголем производител на телекомуникациска опрема во светот се стреми да ја предводи глобалната трка за 5G мрежите новата генерација, но е под сериозен притисок од западните земји кои тврдат дека опремата може да се користи за шпионирање.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER