Хрватска – субвенции

Вести Занимливости

Покачени субвенциите 2,5 пати!

Годинава 14 милиони евра за еколошки автомобили. Кај нас нема абер од таа работа.

објавено 04. мај 2021

И оваа година, осма по ред, хрватските граѓани и правни лица ќе добијат субвенции за купување електрични и хибридни возила. Вкупната сума што ќе се подели преку Фондот за заштита на околината и енергетски ефикасни автомобили,  изнесува дури 14 милиони евра, што е за два ипол пат повеќе од лани. Ќе се субвенционира до 40 отсто од набавната цена, односно најмногу 9.250 евра за електрично или возило на водород, 5.300 евра за плаг-ин хибрид и половина од тоа за електричен мопед или мотоцикл. Начинот на аплицирање сега е променет и во него се вклучени продавачите на возила за да не се повторат поранешните случаи кога средствата пламнуваа за кратко време по распишувањето на јавниот повик за нивно доделување. Лани на пример тоа се случи за помалку од две минути. Според соопштението на Фондот за заштита на околината, досега во Хрватска е субвенцонирано купување на повеќе од 4.500 енергетски ефикасни возила. Се прашуваме, кога ќе можеме да објавиме вакви вести и од Македонија?