Спојувањето, кое би вредело 58 милијарди долари, и би го создало четвртиот најголем производител на автомобили во светот паѓа во вода?
Рационалните Јапонци неможат да се согласат околу новата алијанса Honda-Nissan и наскоро ќе го формализираат прекинот на спојувањето. Според извештајот, директорите на Honda биле фрустрирани од бавниот напредок на Nissan, вклучително и во неговиот план за реструктуирање, кој предвидува кратење на 9.000 работни места и намалување на производството за 20%.
Спојувањето, доколку се реализира, би вредело околу 58 милијарди долари и би го создало четвртиот најголем производител на автомобили во светот. Mitsubishi, кој веќе е делумно во сопственост на Nissan, исто така беше поканет да се приклучи на спојувањето, при што акциите на сите три производители на автомобили ќе бидат префрлени во заедничка холдинг компанија.
Сепак, Mitsubishi сака да го прекине спојувањето поради неговата помала релативна големина и недостатокот на независност што би ја имал во рамките на споениот ентитет. Honda и Nissan соработуваат во полето на ЕВ и развој на софтвер од почетокот на минатата година, а Mitsubishi се приклучи на партнерството минатото лето. Nissan и Mitsubishi, исто така, веќе ги споделуваат платформите и технологијата на возилата преку нивниот постоечки сојуз, кој исто така го вклучува и Renault.


