40 милијарди долари за електрификација
До крајот на декадава Honda ќе призведе два милиони ЕВ
Вториот по големина јапонски производител на возила јасно ја гледа својата иднина во електрификацијата. Претставувајќи ја својата стратегија за производство до 2030 година извршниот директор Тошихиро Мибе загреба подлабоко и најави дека Honda ќе ги исфрли моторите со внатрешно согорување до 2040 година.

До тогаш ќе се развијат и останатите гранки од деловното портфолио со продажба на производи и различни услуги на своите клиенти. Во текот на следните 10 години, Honda ќе одвои приближно 5 трилиони јени (40 милијарди американски долари) во областа на електро погонот и софтверски технологии за дополнително да ја забрза електрификацијата на своите возила. Во оваа позамашна сума се вклучени трошоците за истражување и развој. Honda планира да лансира 30 БЕВ модели на глобално ниво до 2030 година и да достигне обем на производство од два милиони вакви возила. Исто како земјаците Nissan, и Honda е во изградба на демо линија за производство на цврсти батерии со инвестиција од приближно 340 милиони УСД и да започне пилот производството во пролетта 2024 година.


