Honda Jazz 2020 (со видео) » Во Европа само како хибрид

Во Европа само како хибрид

Нема дизели, нема ниту бензинци – Honda Jazz ќе биде само хибрид

Објавено на 24 октомври 2019 година

Откако ги лансираше електричниот градски автомобил и хибридната верзија на CR-V, Honda направи уште еден радикален чекор – новиот Jazz во Европа ќе доаѓа само со хибридна погонска група. Ова изненадување скоро за сите познавачи на автомобилската индустрија Honda го приреди на салонот во Токио, каде е преставен новиот модел кој таму и во Америка е познат како Fit. Во својата четврта генерација по ред тој донесува неколку големи новости. Најмалата е дизајнот, кој сé уште кокетира со моноволуменските форми што на овој автомобил му дава уникатни особености. Тоа значи компактни надворешни димензии и нестварно многу простор за патниците и багажот, дополнително ефикасно подобрен со неколку умни решенија како што се задните седишта кои можат да се подигнат за полесен транспорт на велосипеди. Внатрешноста е потполно нова и донесува двокрак управувач, дигитална инструмент табла и голем централен дисплеј, под кој заради полесна употреба се издвоени командите за климатизацијата.

Главната новост секако е во погонскиот дел, од кој се исфрлени конвенционалните системи, така што новиот Jazz ќе доаѓа само како хибрид, барем кај нас во Европа. За жал Honda уште ни нема откриено никакви детали околу моторот кој можеби ќе биде од 1 или пак од 1,5 литри. Јапонците за него ни кажаа само дека новиот Jazz ќе ја има ознаката e:HEV, a објавија и дека во 2021 година на пазарот ќе се појави и исто таков Civic. Сепак што се однесува до Jazz не ја исклучија можноста во иднина барем за одредени пазари да се појави и со конвенционални мотори. Но без разлика на тоа, на сите ќе им биде на располагање и во Crosstar изведба која може да пофали со SUV изгледот добиен благодарејќи на пластичните заштитни облоги околу возилото, зголемениот клиренс и кровните носачи, но таа спаѓа во доменот на шминкерски а не суштински доработки на возилото.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER