Honda CR-V доаѓа!

Honda CR-V доаѓа!

После минатогодишниот концепт, новата Honda CR-V е подготвена за освојување на Европа
Објавено на 2 март 2018 година

Со седум седишта и хибридна верзија, Honda CR-V допатува во Женева. Патот не ѝ беше долг – тргна од Франкфурт каде лани беше претставена како концепт. Всушност прототип како што Honda официјално го нарече, сакајќи да посочи дека се работи за Honda CR-Vмодел кој е подготвен за патот кон сериското производство а не за студија која допрва треба да еволуира. Ние тоа го знаевме бидејќи CR-V некое време веќе им е на располагање на Американците, но само за петмина. На Европјаните, знаеме, од некоја причина повеќе им се допаѓаат ваквите модели со седум седишта, па беше малку и чудно што Honda досега не го понуди CR-V во оваа изведба. Посебно затоа што од 2000-та година се произведува и во Велика Британија.

Сега неправдата е исправена. Дури и повеќе, бидејќи ќе ни биде понудена и со хибриден погон. Платформата е нова, со поголеми димензии, за која од Honda велат дека на CR-V му обезбедува подобри возни својства надвор од асфалтот и поголема удобност. За тоа треба да бидеме благодарни и на новостите во внатрешноста, која заради поголемото меѓуоскино растојание е попространа. Инструмент-таблата е дигитална, а контролите се рационализирани и пологично поставени за поедноставна употреба. Освен со хибриден погон, Honda CR-V ќе доаѓа и со 1,5 литарски турбо бензинец. Деталите ќе ги дознаеме наредната недела.

Honda CR-V

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER