Honda, Chrysler и Smart го напуштаат рускиот и украинскиот пазар

Што ќе биде со Европа?

oбјавено на 5 февруари 2022 година

Без разлика на тензиите на границите меѓу Русија и Украина, три производители на автомобили за кратко време еден по друг одлучија да се повлечат од овие земји. Причините и според нив и според независните посматрачи на приликите се чисто комерцијални. Бидејќи станува збор за Honda, Chrysler и Smart не треба многу да ги елаборираме – секому му е јасно колкави „напори” овие три марки вложија за да се прилагодат на локалните трендови бидејќи во моментов ги поставуваат основите за нивниот иден глобален настап. Можеби единствено за Honda ќе ни биде чудно, но не и ако знаеме дека понудата на јапонската марка во овие земји не (беш)е базирана на европската, туку на некој нејзин микс со американската.

Како и да е, возилата на Smart и Chrysler веќе не можат да се купат таму, а Honda го нуди само CR-V. Но додека во скоро време не се очекува продолжување на активностите на Smart и Chrysler, секој заради сопствени причини, не е јасно што ќе се случува со Honda, посебно не бидејќи на марката ниту во Европа не и цветаат рози.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER