Подготвени за 2022!
Иконскиот тандем со визуелни и технички дотерувавања
објавено 01. септември 2021
Повеќе од три децении од претставувањето во Европа Africa Twin е синоним за доверлив авантуристички моторцикл. Актуелната сезона уште трае а Honda веќе ги најави измените што ќе се случат во популарните модели за идната година. CRF1100L Africa Twin и CRF1100L Africa Twin Adventure Sports ќе добијат практични надградби, подобрена трансмисија со двојна спојка и нов изглед со нагласена адекватност за секојдневна употреба.
Задната алуминиумска вилушка сега е стандардна. Во досегашните европски модели Honda има вградено повеќе од 200.000 DCT менувачи. Сегашниот алгоритам на работа го подобрува однесувањето и динамиката на возење во почетните преноси со што профитира и однесувањето вон асфалтот. Кога се крстосува по патиштата од голема корист е ветробранот подесив во пет позиции и мазното префрлање на преносите. Заокружувањето на подесувањата кај двата модели се новите графички решенија и бои. Најавените измени нема осетно да се одразат на цената.