Honda – 200.000 хибриди на сервис во Кина

Мал проблем за голема галама

Honda ќе повлече нешто повеќе од 200.000 хибридни возила поради проблеми со сензорите на педалите на сопирачките кај некои модели. Тоа го соопшти кинеската државна управа за регулирање на пазарот. Проблемот кој треба да биде отклонет е лоциран во сензорите на педалите на сопирачките. Имено, маслото за подмачкување кое се употребува при склопувањето на педалата за сопираање може да предизвика проблеми со сензорите со текот на времето. Затоа, почнувајќи од март, вкупно 105.608 хибридни возила произведени во заедничката фабрика со Dongfeng Motor Group Co., заедно со уште 95.081 единици од производното партнерство на Honda Automobile со Гуангж ќе бидат повикани во сервис за промена на посочениот дел.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER