Лош старт на Honda во електрификацијата
Купувачите бараат кросовери и затоа малиот Honda е нема да има наследник
Доцна влезе во трката за електрификацијата и имаше лош старт – Honda нема да развива наследник на малиот е бидејќи купувачите бараат кросовери. Првите реакции на пазарот беа бомбастични, но се покажа дека големата побарувачка е резултат на малите производствени бројки. Влијание сигурно имаше и скромната автономија за која Јапонците направија стратешка грешка потценувајќи го психолошкиот момент на возачите при купувањето електричен автомобил. Плус на тоа ако се додадат и трендовите дека народот сега сака кросовери а не нормални и практични автомобили, тогаш сé е јасно. Затоа, Honda во својата (електрична) гама нема да има автомобили со големина колку е, барем не во догледна иднина. Наместо тоа, марката ќе се фокусира на модели како што е e:Ny1, од кој очекува да освои повеќе од 20 отсто од купувачите.



