Не и за Европа
Со кариера која трае скоро половина век, малку е да се каже дека Honda Accord е големо име во автомобилскиот свет. Тоа посебно се однесува на Соединетите Американски Држави каде долг низ години е на самиот врв на листата бестселери. Затоа и кога во 2015-та беше повлечен од европскиот пазар американската верзија остана продолжувајќи да нижи успеси и покрај тоа што сега се некои други времиња во кои кросоверите ја презедоа улогата на лидери. Ланските 200 илјади продадени примероци се за почитување иако се двојно помалку отколку некогаш и затоа Honda непрестано работи на нови и нови генерации на овој семеен модел.

Најновата ќе биде 11-та и ќе биде претставена наредниот месец. Од најавните фотографии се гледа дека генерално идејата е базирана околу новиот Civic и дека двата модела ќе изгледаат слично. Во духот на јапонската скромност (да не кажеме скржавост) за предвремено давање информации, многу конкретни детали нема освен дека ќе има подобрени хибридни перформанси. Не постојат никакви шанси да се појави и во Европа.


