Hispano Suiza – Carmen

Занимливости

12-те жигосани

12 ексклузивни верзии на електричниот луксузен хипер автомобил на аукција

објавено 15. јуни 2021

Договорот постигнат помеѓу Hispano Suiza и Trillion Collection отвора ново поглавие во богатата историја на шпанската марка. Имено, ќе се произведат 12 примероци од целосно електричниот хипер луксузен автомобил Carmen кои ќе се продадат преку аукција закажана за 24. јуни. Hispano Suiza Carmen располага со повеќе од 1000 КС, забрзува од мирување до 100 км/ч за 2,6 секунди и за оваа пригода ќе се изработи во 12 естетски различни дотерувања.

Колекционерите на хипер автомобили се пријавуваат на сајтот на Trillion Collection каде ќе можат да ја следат и учествуваат во лицитацијата.  Hispano Suiza како марка остави длабока трага во светот на луксузните автомобили во почетокот на минатиот век кога во периодот 1904-1946 произведе повеќе од 12.000 возила со високи перформанси и 50.000 мотори за авиони. Компанијата е семејна, лоцирана е во Барселона и има намера да го врати стариот сјај со најнови технологии, врвни перформанси и маркантен дизајн.